Против Охрид во осминафиналето од Купот на Македонија

Брегалница ќе се соочи со членот на Втората лига - Запад, екипата на Охрид во осминафиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

„Сините“ својот натпреварот од осминафиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување ќе го играат на 20. октомври со почеток од 14 часот на Градскиот стадион во Штип. Во осминафиналето од Купот се игра само еден натпревар.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ (20. октомври - 14 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – Охрид
Шкендија – Ренова
Пелистер – Работнички
Вардар – Скопје
Струга ТЛ  – Борец
Шкупи – Тиквеш
Ак. Пандев – Македонија ЃП
Беласица – Силекс
Шкупи – Тиквеш