Кудев и Николовски до крајот на есенскиот дел од сезоната на отстапница во Кит Го

Младите фудбалери на ФК Брегалница, офанзивецот Љупче Кудев и десниот бек Анџело Николовски до крајот на есенскиот дел од актуелната сезона ќе бидат на отстапница во второлигашот Кит Го од Пехчево.

Низ взаемен договор со фудбалерите, а единствено во интерес на дополнителниот фудбалски развој на едни од најголемите таленти на „сините“ одлучено е Кудев и Николовски да се приклучат на амбициозниот Кит Го каде ќе имаат засилена минутажа неопходна во континуираниот персонален напредок.

Брегалница сосема јасно иднината на клубот ја темели на сопствените фудбалски изданоци. Токму поради тоа неопходна е апсолутната минутажа на терен како основа за вистинската фудбалска изградба, која е важна и за двајцата наши фудбалери.

Младинскиот репрезентативец Љупче Кудев, кој игра на деснокрилната офанзивна позиција, е роден на 7.12.2003, a левиот бек Анџело Николовски, кој е роден на 10.11.2001 година, и претходно до јуни 2020 година настапуваше во редовите на Кит Го.