Филип Миленковски повторно во дресот на Брегалница

Филип Миленковски повторно се враќа во дресот на Брегалница. Искусниот дефанзивец ги засилува редовите на „сините“ за актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Миленковски претходно беше дел од Брегалница во сезоната 2019/2020 од каде премина во редовите на Струга ТЛ, па потоа продолжувајќи преку Пелистер сега повторно се враќа во синиот дрес.

„Добиваме докажан прволигашки фудбалер кој со значителното сопствено искуство треба да донесе дополнителен квалитет во дефанзивните линии“ - истакна по потпишувањето на договорот со Миленковски, спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Претходно во својата кариера, Филип Миленковски има настапи и за кратовски Силекс.