Реми без голови и на гостувањето против Скопје на „Железарница“

Фудбалерите на Брегалница ремизираа без голови и во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, овој пат на гостувањето против Скопје на СРЦ „Железарница“.

Во крајно израмнет натпревар со многу борба на средината од теренот, на крајот објективно реално реми. Без многу возбудувања пред двата гола мина првото полувреме во кое Скопје најголемата можност ја имаше во 30. минута кога одбраната на „сините“ спаси на самата гол-линија.

Во вториот дел подобра игра на избраниците на Марјан Секуловски кои ја контролираа средината од теренот, издвојувајќи и неколку можности за погодок. Најголемата ја имаше Бобан Георгиев во 79. минута но од десеттина метри од убава позиција откосо шутираше само во надворешниот дел од мрежата на домашниот гол.

Во следното 3. коло од шампионатот, веќе во среда (18. август) Брегалница во Штип ја пречекува екипата на Шкендија.

ПМФЛ - 2. КОЛО
Скопје - БРЕГАЛНИЦА 0-0