Тиквеш го откажа тестот, во очекување на договор за контрола со нов противник

И покрај тоа што веќе беше договорена пријателска средба со Тиквеш во среда, 28. јули, кавадаречкиот тим денеска го откажа одигрувањето на тест-дуелот.

Токму поради тоа од стручниот штаб на Брегалница деновиве се во очекување на договор за контролен натпревар со нов противник.

Генералката, пак, пред стартот на новата сезона останува за в недела (1. август) против Силекс. Натпревар кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Како што е познато по денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија, „сините“ во 1. коло од Првата македонската фудбалска лига го пречекуваат Шкупи на домашен терен. Натпреварите од 1. коло се играат на 8. август со почеток од 17:30 часот.