Брегалница го пречекува Шкупи во Штип на стартот од новата сезона во ПМФЛ

Брегалница враќањето во Првата македонска фудбалска сезона во сезоната 2021/22 ќе го почне на домашен терен на мегдан против екипата на Шкупи.

Денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија одлучи „сините“ да стартуваат против една од најдобрите македонски екипи и кандидат за освојување на шампионската титула во новата сезона.

Натпреварите од 1. коло во ПМФЛ се закажани за викендот, 7/8. август.

ПРВА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА - 1. КОЛО (7/8. август)


БРЕГАЛНИЦА - Шкупи
Ак. Пандев - Струга ТЛ
Работнички - Борец
Тиквеш - Шкендија
Ренова - Скопје
Македонија ЃП - Пелистер