Договорени и последните два тест-дуели: Против Тиквеш на 28. јули, генералката со Силекс на 1. август

По завршувањето на подготовките на Златибор, од стручниот штаб на Брегалница ги договорија и последните два пријателски натпревари по враќањето во Македонија пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

На 28. јули, „сините“ ќе одиграат натпревар со кавадаречки Тиквеш, додека генералката пред почетокот на новата сезона ќе биде против Силекс на 1. август. Местото на одигрување на натпреварите ќе биде дополнително одредено, во зависност и од ждрепката за распоредот на натпреварите од ПМФЛ.

Ждрепката за новата сезона во ПМФЛ ќе биде одржана на 26. јули во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, кога и Брегалница ќе го дознае распоредот на натпреварите во есенскиот дел од шампионатот.