Брегалница се раздели со Бојан Ѓоргиевски и со Тони Мирчевски

По завршувањето на сезоната во Втората лига - Исток, Брегалница за следната сезона во која, по четири години се враќа во елитата, нема да смета на Бојан Ѓоргиевски и Тони Мирчевски.

Стручниот штаб на Брегалница одлучи да не се продолжи соработката со деснокрилните дефанзивци Ѓоргиевски и Мирчевски на кои искрено им се заблагодарува за досешниот придонес за успехот на „сините“.

„Сакаме да искажеме благодарност за Бојан Ѓоргиевски и за Тони Мирчевски за максималниот професионализам и целокупниот нивни придонес за успесите на тимот изминатава сезона. И на двајцата им посакуваме многу успех во понатамошните кариери“ - вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Во следниот период ќе следат и дополнителни анализи околу креирањето на играчкиот кадар за прволигашките настапи следната сезона.