Прием кај градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, за пласманот во Првата лига (ФОТО)

По извонредната сезона во која стигнаа до шампионската круна во Втората лига - Исток и пласманот од следната сезона во Првата македонска фудбалска лига, за фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Брегалница денеска беше организиран прием од страна на градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, во Општина Штип.

Градоначалникот на нашиот град искажа задоволство од успехот на спортската гордост на Штип кој е граден и со постојана заедничка соработка на ФК Брегалница со Општина Штип. 



„Благодарност  до фудбалерите, стручниот штаб и раководството, што не направија повторно горди и го вратија фудбалот на славните патеки. Посакуваме уште трофеи и во македонската елитна лига“ - истакна д-р Сашко Николов на средбата со фудбалерите на Брегалница.



Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев се заблагодари на укажаната чест со организираниот прием за фудбалерите истакнувајќи благодарност до градоначалникот и Општина Штип кои даваат постојана поддршка на клубот.