Дејаноски од Кичево ќе го суди мечот на кој ќе се слави шампионската круна на „сините“

Марјан Дејаноски од Кичево ќе биде главен судија на последниот натпревар на Брегалница во сезоната кој утре од 16 часот го игра на Градскиот стадион во Штип против Тиквеш.

На Дејаноски ќе му помагаат сограѓаните Лика Куштрим и Давор Цветаноски, а четврти судија ќе биде Александар Грујоски. Благоја Петров од Велес ќе биде делагат на натпреварот а Зоран Николовски од Скопје - контролор.

„Сините“ по извонредната сезона утре и официјално ќе го добијат пехарот за шампионската титула во Втората лига - Исток, на тој начин означувајќи го патот кон Првата македонска фудбалска лига.