Кудијан: Единствена екипа сме сезонава во трите лиги без пораз - Целта е така да остане до крајот!

Андреј Кудијан минува низ повеќе од квалитетна сезона во дресот на Брегалница која на убедлив начин обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Со десет гола и пет асистенции Кудијан е еден од предводниците на нападот на „сините“, запишувајќи се во листата на стрелците и во последната победа од 2-1 против Кит Го. Сега во сабота, 15. мај, во Штип на домашен терен против Тиквеш останува уште официјалната славеничка заверка на пласманот во Првата лига.

„Одигравме интересен, квалитетен и тежок натпревар за двете екипи против Кит Го кој е одличен противник со навистина квалитетни играчи, за што потврда се нивните игри сезонава. Во првото полувреме не бевме на нашето ниво, но во вториот дел ги искористивме шансите и заслужено дојдовме до трите бода“ - вели Кудијан, притоа дополнувајќи:

„Среќен сум поради голот, затоа што и веќе петти едноподруго натпревар или постигнувам погодок или асистирам за гол кој носи бодови на нашата екипа. Но, најважно е што продолжуваме со позитивните резултати. Единствена екипа сме која нема пораз во трите наши лиги, и сигурно ќе дадеме 100% од нас така да остане и по последното коло“.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ