Победа и против Кит Го во претпоследното коло од сезоната

Нова победа за фудбалерите на Брегалница во Втората лига - Исток. Триумф на мечот против Кит Го од 1-2 во 26. коло од шампионатот, на натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Кит Го успеа да поведе на натпреварот со голот на Тони Мичковски во 27. минута. Но, потоа се беше во знакот на „сините“ кои успеаја да дојдат до трите бода.

Триумфот следеше во второто полувреме кога најпрво капитенот Ристе Наумов израмни во 49. минута, а победата ја донесе Кудијан на асистенција на Марио Наумоски во 74. минута.

Брегалница од претходното коло веќе го обезбеди пласманот во Првата лига следната сезона.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (26. коло)
КИТ ГО - БРЕГАЛНИЦА 1-2 (1-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Мичковски 27' (КГ) - Наумов 49', Кудијан 74' (Б).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (26. коло)
Кит Го - Брегалница 1-2
Тиквеш - Каменица Саса 3-0
Кожуф - Слога Виница 0-2
Осогово - Победа 0-1
Росоман - Плачковица 0-1