Василевски ќе го суди натпреварот со Кит Го, кој ќе се игра во Штип

Александар Василевски од Скопје ќе биде главен судија на утрешниот натпревар од 26. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Кит Го, кој со почеток од 16 часот ќе се игра на Градскиот стадион во Штип.

Кит Го ќе биде домаќин на дуелот, но по договор меѓу двата клуба, одлучено е натпреварот да се игра во Штип.

На Василевски ќе му помагаат сограѓаните Милош Милошевиќ и Горан Милошевски, а четврти судија ќе биде Никола Русевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Горан Михајловски од Скопје, а контролор - Тони Стојановски.