Брегалница се враќа во Штип: Величков главен судија на мечот со Кожуф

Боби Величков од Велес ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Брегалница и Кожуф од 25. коло во Втората лига - Исток кој утре со почеток од 13 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Величков ќе му помагаат сограѓаните Петар Новачев и Александар Ајдаров, а четврта судијка ќе биде Ивана Пројковска од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија, а контролор - Драган Ристовски од Куманово.