Триумфален чекор во Кочани..., победа над Осогово, на еден бод до Прва лига!

Фудбалерите на Брегалница се само на еден бод од обезбедување на шампионската круна во Втората лига - Исток и пласман во прволигашката конкуренција, откако во 24. коло славеа нова победа во првенство, овој пат од 0-2 на гостувањето против Осогово во Кочани.

Комплетната доминација на теренот, избраниците на Марјан Секуловски ја крунисаа со два погодоци. Првиот дел на Владимир Дујовски, по асистенцијата на Додев, во 33. минута.

Предноста пред полувремето можеше да биде и уште поубедлива, но останаа нереализирани идеалните шанси на Наумов и Додев, по проигрувањето од Муарем. И во двете шанси домашниот голман Андов успеа да спречи погодок.

Тоа што не се реализираше во првиот дел, крунисано во второто полувреме кога на 2-0 во 68. минута зголеми Андреј Кудијан.

Во продолжението „сините“ и натаму далеку подобри, Манев и Митрев имаа убави можности за погодок, но на крајот резултатот остана непроменет.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (24. коло)
Осогово - БРЕГАЛНИЦА 0-2 (0-1)

Градски стадион во Кочани. Натпревар без публика. Стрелци: Дујовски 33', Кудијан 68' (Б).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (24. коло)
Кит Го - Каменица Саса 1-1
Кожуф - Тиквеш 0-2
Осогово - Брегалница 0-2
Росоман - Слога Виница 1-2
Плачковица - Победа 1-1