Финални подготовки за мечот со Осогово во Кочани: Чекор до прволигашка промоција... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Брегалница е на чекор од прволигашка промоција, но апсолутно никој во таборот на Марјан Секуловски не се оптоварува кога ќе биде реализирана крајната цел, која зависи и од резултатите на конкурентните тимови.

Сите во „синиот тим“ се единствено концентрирани на што подобри изданија и победи на секој следен натпревар. Така ќе биде и на утрешниот натпревар против Осогово во Кочани, на кој силна е определбата да се дојде до нова квалитетна престава и три бода.

Максимално ангажирано беа одработени последните тренинзи пред утрешниот дуел, низ крајно позитивна атмосфера која е и еден од клучевите за успешната сезона.

Галерија