Младите категории на Брегалница немаа милост ниту за Шкупи

Продолжуваат одличните игри на пионерските екипи на Брегалница во шампионатот на Македонија. Двете пионерски екипи денеска на игралиштето во Бело Брдо славеа победа во двата претходно одложени дуели.

Помладите пионери триумфираа со 1-0 со голот на Петар Колев, додека пионерите убедливо победија со 4-2.  Два гола запиша Матеј Георгиев а по еден постигнаа Стефан Стефанов и Оливер Тодоров.

Како што е познато, претходно на дуелите во Скопје кадетите победија со 2-5, а единствено младинците загубија на гостувањето против Шкупи со 2-0.

Во следното коло, веќе во сабота (3. април) во Тетово двете пионерски екипи ќе се соочат со Шкендија. Кадетите и младинците на игралиштето во Бело Брдо в недела (4. април) ќе бидат домаќини на соодветните тимови на Шкендија.