Во сабота во Штип пријателски натпревар со Беласица

Паузата во домашните натпреварувања поради репрезентативните настапи, фудбалерите на Брегалница ќе ја искористат за одигрување пријателски натпревар со Беласица.

Во насока на одржување на неопходната форма пред продолжението на шампионатот во Втората лига - Исток, составот на Марјан Секуловски ќе одигра тест дуел со струмичкиот прволигаш.

Натпреварот ќе се игра во сабота (27. март) на Градскиот стадион во Штип, со почеток од 15 часот.