Стојанов: Многу важна победа и бодови за нас

Брегалница по претходното реми (1-1) на домашен терен со Каменица Саса повторно се врати на победите во Втората лига - Исток, триумфирајќи повеќе од заслужено со 1-2 на гостувањето против Слога во Виница.

Дефанзивецот Дарко Стојанов вели дека освоени се повеќе од значајни три бода на секогаш тешкото гостување во Виница.

„Многу важна победа за нас, значајни бодови за чекор поблиску до остварување на целта - пласман во Првата лига. Виница е едно од најтешките гостувања за нас, но и за секоја друга екипа. Знаевме дека не чека тежок дуел, затоа пристапивме максимално мотивирано од самиот почеток и заслужено стигнавме до триумфот“ - вели Стојанов, веднаш дополнувајќи:

„Клучно се чини е тоа што во првото полувреме брзо со два гола го отворивме резултатот, а потоа со цврста и сигурна игра се чини малку повеќе претпазливо дојдовме до трите бода. Имавме во вториот дел преку контранапади уште неколку можности за убедлива предност, но на крај домашните казнија со ублажување на поразот“.