Триумф на гостувањето во Виница: Дујовски и Додев за победа (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница дојдоа до нова победа во Втората лига - Исток, без поголеми проблеми триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Слога во Виница во 20. коло.

Целокупната задача на натпреварот избраниците на Марјан Секуловски си ја завршија уште во првото полувреме. По почетното испитување на силите, неколку шанси за „сините“ кои се крунисуваат со водство од 0-1 со голот на Владимир Дујовски во 29. минута.

Но, и водството не ги поколеба нашите фудбалери да продолжат со офанзивната ориентација, па Дарко Додев во 41. минута носи предност и од 0-2.

Во второто полувреме само рутински одржување на предноста, со тотална контрола на средината од теренот. Осамнаа уште неколку можности и за поубедлив триумф, но откако не се искористија шансите домашните со голот на Антонио Бујчевски во 84. минута успеаја да го ублажат поразот.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (20. коло)
Слога Виница - БРЕГАЛНИЦА 1-2 (0-2)

Градски стадион во Виница. Натпревар без публика. Стрелци: Бујчевски 84' (С) - Дујовски 29', Додев 41' (Б).