Иванов од Велес ќе ја дели правдата на мечот со Победа

Никола Иванов од Велес ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 17. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и прилепска Победа.

На Иванов ќе му помагаат Петар Новачев од Велес и Петар Ицковски од Скопје, а четврти судија ќе биде Александар Василевски од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Аки Шукрија од Липково.

Натпреварот меѓу Брегалница и Победа се игра на Градскиот стадион во Штип во сабота (27. февруари) со почеток од 14 часот.