Триумф на гостувањето против Осогово во Кочани

Брегалница триумфираше со 1-2 (0-2) на гостувањето против Осогово во Кочани на вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Избраниците на Марјан Секуловски беа подобар противник на теренот, двата погодоци реализирајќи ги уште во првото полувреме преку Кудијан во 23. и во 34. минута.

Во второто полувреме, по промената на составите во двата тима, домашните единствено преку погодокот на Недановски во 72. минута успеаја да го ублажат поразот.

Кај Брегалница шанси за погодоци на натпреварот имаа и Кудев, Дујовски и Наумов, но се остана на двата погодоци на Кудијан. Осогово имаше убави шанси уште во првото полувреме преку Велинов, Неданоски и Паунов но, на крајот, без реализација.

Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски, на дуелот во Кочани се одлучи да настапи во следниот состав: Денковски, Манев, Митрев, Николовски, Ѓоргиевски, Наумоски, Османоски, Бакрачески, Додев, М. Стојанов и Кудијан. Во второто полувреме играа уште: Китановски, Петровски, Д. Стојанов, Цанев, Муарем, Дујоски, Кудев, Гогов, Наумов.