Манев и Денковски повикани од Милевски на тренинг-кампот на репрезентацијата до 21 година

Фудбалерите на Брегалница, дефанзивецот Јован Манев како и голманот Давид Денковски добија повик од селекторот Благоја Милевски за учество на репрезентативниот тренинг-камп на селекциите до 19 и до 21 година кој од денеска до 23. декември ќе се одржува во Охрид.

Во рамките на тренинг-кампот репрезентациите до 19 и до 21 година меѓусебно ќе одиграат два контролни натпревари. Првиот е закажан на 21. декември на стадионот „Билјанини Извори“ од 11 часот, а во истиот термин на 23. декември ќе се одигра и вториот тест натпревар.

Брегалница вчера официјално заврши и со тренинзите во есенскиот дел од сезоната. Првиот собир на стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот, шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски го закажа за 9. јануари.

ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ