ЕСЕНСКИ ШАМПИОНИ 2020/2021

На најдобар можен начин, со убедлива победа од 1-3 против Слога во Виница, фудбалерите на Брегалница го завршија првиот дел од сезоната притоа завршувајќи со есенската шампионска круна во Втората лига - Исток, со седум бода предност во однос на второпласираниот Тиквеш.

Повеќе од убедлив прв дел од шампионатот за „сините“ кои нескриено чекорат со амбициите за прволигашка промоција. Иако, останува фактот дека изданијата од есенскиот дел треба да бидат само мотив повеќе за уште поквалитетни игри во пролетниот дел од првенството.