Убедлива победа во Виница за есенска шампионска круна

Брегалница со победа од 1-3 на гостувањето против Слога Виница во 16. коло стави точка на есенскиот дел во Втората лига - Исток обезбедувајќи ја есенската шампионска круна.

На натпреварот во Виница „сините“ доминираа во текот на целиот натпревар уште во првото полувреме осигурувајќи ги новите три бода. Многу брзо избраниците на Марјан Секуловски навестија дека се цврсто решени со триумф да го завршат есенскиот дел. Почетната иницијатива вроди со плод веќе во 11. минута кога Мартин Стојанов, избегнувајќи офсајд замка, успешно реализираше од непосредна близина.

Во продолжение се редеа шансите на Брегалница, за да во 40. минута по акцијата на Додев по левата страна и шутот на Мартин Стојанов, пред голот на домашните одлично се снајде Анес Османоски кој носи водство од 2-0.

Во второто полувреме, домашните со голот на нововлезениот Бојан Спасевски во 77. минута успеаја да намалат на 1-2 и да внесат мала неизвесност, но само за кратко откако веќе во 79. минута Анес Османоски со својот втор гол донесе 1-3 за „сините“ за есенска шампионска титула на Брегалница.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. коло)
Слога Виница - БРЕГАЛНИЦА 1-3 (0-2)

Стадион „Филип Втори“ во Виница. Натпревар без публика. Стрелци: Спасевски 77'(С) - М. Стојанов 11', Османоски 40', 79' (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. КОЛО)
Кит Го - Плачковица 5-1
Победа - Тиквеш 0-0
Слога Виница - Брегалница 1-3
Росоман - Осогово 1-7
Каменица Саса - Кожуф 3-1