Александар Ставрев ќе суди на последниот натпревар од есенскиот дел

Еден од најдобрите македонски судии Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот од последното есенско коло во Втората лига - Исток меѓу Слога и Брегалница кој утре (12. декември) од 13 часот се игра на Градскиот стадион „Филип Втори“ во Виница.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Бранко Путилин од Скопје, а четврти судија ќе биде Никола Иванов од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Драган Јорданов од Велес, а контролор - Тони Стојановски од Скопје.