Убедливи победи на младинците и помалите пионери против Победа

Во најновото коло од пионерско-младинските лиги на Македонија, младинците на Брегалница во Штип славеа убедлива победа од 4-0 против соодветната генерација на Победа.

По два гола на натпреварот постигнаа Дарко Јованов и Леон Чучковски за убедлив триумф на „сините“.

Кадетите загубија со 0-2 од Победа, а гостински пораз доживеаја и пионерите со 3-2. Стрелци на головите за Брегалница беа Матеј Ѓоргиев и Давид Спасов.

Помалите пионери, пак, на гостински терен триумфираа против Победа со 0-3. Два ола постигна Марио Аџиев, а еден запиша Филип Миташев.