Ацковски: Заслуживме победа, жалиме за нереализираните шанси

Брегалница ремизираше со идентични 1-1 со Тиквеш и во втората меѓусебна пресметка сезонава во Втората лига - Исток.

„Сините“ беа многу подобар тим на терен, со огромен број создадени шанси и многу поблиску до трите бода, но затаи реализацијата за на крајот поделба на бодовите.

„Мислам дека одигравме квалитетен дерби натпревар на кој заслуживме да дојдеме до победата. И покрај тоа што сме лидери на табелата, цврсто отворено се впуштивме во пресметката со Тиквеш. Имавме многу повеќе шанси од противникот, посебно и во второто полувреме кога создадовме четири-пет можности но за жал затаи реализацијата. Во секој случај продолжуваме максимално фокусирано на секој натпревар до крајот на полусезоната“ - вели младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски, по денешниот дуел.