Качевски од Струга - главен судија на големото дерби со Тиквеш

Joван Качевски од Струга ќе биде главен делител на правдата на дерби натпреварот од 14. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Тиквеш кој во сабота (28. ноември) со почеток од 13 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Качевски ќе му помагаат Даниел Василевски и Дарко Видиниќ од Скопје, а четврти судија ќе биде Дејан Младеновски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Тони Николовски од Скопје, а контролор - Благој Шуклев од Стојаково.