Сигурна игра и триумф и против Осогово во Кочани

Фудбалерите на Брегалница продолжуваат со сигурните игри низ сезоната во Втората лига - Исток триумфирајќи и во 13. коло, овој пат на гостувањето против Осогово во Кочани со 1-3 (1-3).

Домашните први дојдоа до погодок преку Александар Неданоски во 19. минута, кој ја искористи грешката на Стојанов во одбраната. Но, тоа беше се на натпреварите од фудбалерите во жолто.

Кратко траеше радоста на Осогово, откако по само една минути Кристијан Ацковски убаво погоди за 1-1. Низ продолжената доминација на „сините“, веќе во 36. минута по одличното проигрување од Додев, капитенот Ристе Наумов од непосредна близина погодува за 1-2. А веќе во 39. минута и Љупче Кудев, како и во претходното коло, се запишува во листата на стрелците за 1-3.



Во второто полувреме составот на Марјан Секуловски единствено тактички ја одржуваше предноста не дозволувајќи можност за изненадување од домашните. За на крајот повеќе од заслужени нови три бода за дополнително зацврстување на врвот од табелата.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (13. коло)
ОСОГОВО - БРЕГАЛНИЦА 1-3 (1-3)

Стрелци: Неданоски 19'(О) - Ацковски 20', Наумов 36', Кудев 39' (Б)