Победи за пионерите и помладите пионери против Работнички во Суперлигата

Младинско-пионерските категории на Брегалница во 3. коло од Суперлигата на Македонија се соочија со врсниците од Работнички, запишувајќи две победи и два порази.

Пионерите и помладите пионери на Брегалница запишаа две победи со идентични 3-2. Кај помладите пионери стрелци на головите беа Филип Миташев и Един Мандак со два погодоци, додека кај пионерите за победа погодија Теодор Наков и Давид Спасов, кој двапати стрелаше во противничката мрежа.

Во кадетска и младинска конкуренција, на натпреварите кои се играа во Скопје, победија екипите на Работнички. Кај кадетите тимот од Скопје славеше со 2-1 додека во младинска конкуренција „романтичарите“ славеа со 3-1.