Одложено 10. коло во Втората лига - Исток: Натпреварот со Каменица Саса на 8. ноември

Поради измените во Протоколот за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19, Фудбалската федерација на Македонија денеска одлучи да ги одложи сите натпревари во двете најквалитетни домашни лиги кои викендов беа на програмата според натпреварувачкиот календар.

Брегалница утре од 13:30 часот во Штип требаше да се соочи со Каменица Саса во 10. коло од Втората лига - Исток. Но, натпреварот е одложен за 8. ноември.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) - 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ - Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“ - се вели во соопштението на ФФМ.