Судиска тројка од Велес за мечот против Каменица Саса

Судиска тројка од Велес ќе ја дели правдата на натпреварот од 10. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Каменица Саса кој се игра во сабота (31. октомври) од 13:30 часот на Градскиот стадион во Штип.

Игор Иванов ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров. Четврти судија ќе биде Никола Иванов, исто така од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија а контролор - Сашко Ангелов од Кочани.