Ново убедливо издание: Хет-трик на Кудијан, два гола на Кудев за победа над Росоман

Брегалница продолжува со убедливите изданија на домашен терен во Втората лига - Исток, триумфирајќи со 6-1 и во 9. коло против Росоман.

На натпреварот кој се играше на Градскиот стадион во Штип се беше завршено по само девет минути игра, период во кој „сините“ веќе имаа предност и од 3-0. Уште во 5. минута Андреј Кудијан донесе водство од 1-0, а истиот фудбалер во 8. минута стрелаше и за 2-0. Само една минута подоцна погоди и Мартин Стојанов за 3-0.

Во 26. минута веќе беше 4-0, со третиот погодок на натпреварот на Андреј Кудијан. Откако гостите преку Андонов во 34. минута намалија на 4-1, во 40. минута во листата на стрелците се запиша и Љупче Кудев за 5-1.

Во второто полувреме, фудбалерите на Брегалница само рутински одржувајќи го ритамот дојдоа до конечната победа од 6-1 со вториот гол на Љупче Кудев во 85. минута, која можеше да биде и поубедливи доколку се искористеа уште бројни шанси пред голот на Росоман.




ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (9. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Росоман 5-1 (5-1)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Кудијан 5', 8', 26', М. Стојанов 9', Кудев 40', 85' (Б) - Андонов 34' (Р).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (9. коло)
Кожуф - Кит Го 2-1
Брегалница - Росоман 6-1
Тиквеш - Каменица Саса 3-0
Осогово - Плачковица 1-1
Слога Виница - Победа 2-0