Костенчев од Скопје ќе го суди осминафиналето од Купот на Македонија против Беласица

Никола Костенчев од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија меѓу Брегалница и Беласица, кој утре со почеток од 14:30 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Костенчев ќе му помагаат сограѓаните Гоце Петрески и Милош Милошевиќ, а четврти судија ќе биде Дејан Младеновски. Делегат на натпреварот ќе биде Аки Шукрија од Липково, а контролор - Марјан Ристески од Кичево.