Драматична победа во Прилеп, и со играч помалку цели 70 минути

Повеќе од значајна победа за фудбалерите на Брегалница од 1-2 на гостувањето против Победа во Прилеп во 8. коло од Втората лига - Исток, извојувана во натпревар во кој составот на Добринко Илиевски играше 70 минути со фудбалер помалку на теренот.

„Сините“ цели 70 минути беа со играч помалку поради два последователни жолти картони на Анес Османовски уште во 22. минута. Сето тоа значително ги отежна напорите на Брегалница, која сепак беше далеку подобра и на крајот сосема заслужено стигна до трите бода благодарение на голот на Антонио Митрев во петтата минута од судиското продолжение.

Откако во првото полувреме не беа искористени неколку шанси, во 61. минута од средбата беше крунисана подобрата игра од домашните на теренот, па следеше водство од 0-1 благодарение на голот на дефанзивецот Дарко Стојанов.

Домашните успеаја да израмнат со голот на Филип Димоски во 75. минута, но тоталната доминација на теренот на составот на Илиевски вроди со плод во судиското продолжение кога Митрев постигна погодок за конечна победа од 1-2.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. коло)
Победа - БРЕГАЛНИЦА 1-2 (0-0)

Стадион на Могила во Прилеп. Натпревар без публика. Стрелци: Димоски 75' (П) - Д. Стојанов 61', Митрев 90'+5 (Б).



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. коло)
Кит Го - Слога Виница 1-1
Победа - Брегалница 1-2
Росоман - Тиквеш 0-4
Каменица Саса - Осогово 0-0
Плачковица - Кожуф 1-1