Наумов: За нас секој меч сезонава е финале, и во Прилеп на победа

Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов нагласува дека мора максимално сериозно да се пристапи кон гостувањето против прилепска Победа во 8. коло од Втората лига - Исток, во желбата за продолжувањето на позитивната резултатска серија.

Не смее да има ниту потценување ниту преценување на противникот против кој желбата е да се оди на нови три бода.

„Нормално, посакуваме да продолжиме со позитивната серија. И за натпреварот со Победа се подготвуваме максимално сериозно. Постојано нагласувам дека оваа сезона секој еден натпревар за нас е како финале кон остварување на конечната цел. Целосно го респектираме тимот на Победа, но во Прилеп секако одиме на победа“ - вели Наумов.



Јосип Бартон од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот кој се игра утре со почеток од 14:30 часот во Прилеп, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски од Тетово и Горан Милошевски од Скопје. Четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот е Горан Михајловски од Скопје, а контролор - Марјан Кировски од Ресен.