Јосип Бартон делител на правдата на натпреварот против Победа во 8. коло

Јосип Бартон од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 8. коло во Втората лига - Исток меѓу Победа и Брегалница кој во сабота (17. октомври) се игра со почеток од 14:30 часот во Прилеп.

На Бартон ќе му помагаат Дарко Јовчевски од Тетово и Горан Милошевски од Скопје, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Горан Михајловски од Скопје, а контролор - Марјан Кировски од Ресен.