Канатларовски со повик до Матеј Георгиев за настап во репрезентацијата до 17 години

Еден од најголемите таленти на Брегалница, Матеј Георгиев доби повик за настап во репрезентацијата до 17 години.

Селекторот Драган Канатларовски испрати повик до Георгиев за присуство на репрезентативниот собир од 20. до 23. октомври во Скопје, во рамките на кој ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари со соодветната селекција на Србија.

Пријателските дуели ќе бидат искористени и за селекција на репрезентативниот кадар за официјалните квалификациски натпревари за пласман на ЕП.