Стартуваше изградбата на новата Западна трибина на Градскиот стадион (ФОТО)

Денеска на Градскиот стадион Штип, согласно предвидениот план за инфраструктурна реконструкција, стартуваше изградбата на новата Западна трибина.

Во присуство и на Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и поранешен градоначалник на Штип, денеска се почна со рушење на старата Западна трибина по што ќе се продолжи со изградбата на новата трибина. Западната трибина ќе се заокружи со средства од УЕФА Хет-трик програмата преку Фудбалската федерација на Македонија, додека Источната трибина на Градскиот стадион во Штип ќе се обновува со средства од Град Штип.




Новиот Градски стадион во Штип ќе биде изграден согласно европските стандарди по што ќе може во иднина да се играат и натпреварите на сениорската репрезентација на Македонија.