Доминанта Брегалница: Убедлива победа од 6-1 против Слога Виница

Брегалница повеќе од убедливо со 6-1 (3-0) славеше на домашен терен против Слога Виница во 7. коло од Втората лига - Исток.

Рутинска победа на составот на Добринко Илиевски кој целосно доминираше во текот на сите 90 минути од пресметката против Слога. Натпреварот почна со жестока борба на средината од теренот и незгодна повреда на Јован Манев, но сето тоа брзо се заборави по водството уште во 23. минута. Прекрасен погодок на Дарко Додев кој од 15 метри одлично со волеј удар ја зафати топката по центаршутот од десната страна.

Веќе во 38. минута, капитенот Ристе Наумов зголеми на 2-0, а Наумов со својот втор гол во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме заокружи на 3-0 по првите 45 минути.



Брегалница го почна агресивно и второто полувреме. Мартин Стојанов уште во 46. минута со извонреден шут од 18 метри донесе предност од 4-0, а во 59. минута и Андреј Кудијан со удар од белата точка зголеми на 5-0.

Почесниот гол за гостите го постигна Антонио Бујчевски во 79. минута, а конечните 6-1 ги заокружи Дарко Додев со својот втор гол на мечот во 84. минута.



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. коло)
БРЕГАЛНИЦА - СЛОГА ВИНИЦА 6-1 (3-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Додев 23', 84', Наумов 38', 45+5', М. Стојанов 46', Кудијан 59'(п) (Б) - Бујчевски 79' (С).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. коло)
БРЕГАЛНИЦА - Слога Виница 6-1
Тиквеш - Победа 3-0
Осогово - Росоман 5-4
Плачковица - Кит Го 0-1
Кожуф - Каменица Саса 1-1