Димитар Мечкаровски - главен судија на мечот со Слога Виница

Судијата со интернационален знак, Димитар Мечкаровски ќе биде главен делител на правдата на натпреварот на Брегалница против Слога Виница од 7. коло во Втората лига - Исток кој се игра утре со почеток од 15 часот на Градскиот стадион во Штип.

На еден од најдобрите македонски судии ќе му помагаат сограѓаните Бранко Путилин и Влатко Ѓошевски, а четврти судија ќе биде Кристијан Ѓуровски исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Ненад Маркоски од Македонски брод, а контролор - Зоранчо Темелков од Кавадарци.