Ацковски и Денковски до нова победа со младата репрезентација на Македонија

Фудбалерите на Брегалница, Кристијан Ацковски и Давид Денковски запишаа уште победа со младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година во квалификациите за пласман на ЕП.

Избраниците на Благоја Милевски денеска убедливо со 1-4 победија на гостувањето против Казахстан, со што максимално сериозно ги задржаа шансите за втората позиција на табелата која носи можност за пласман на ЕП.

Ацковски ги одигра последните 17 минути на натпреварот влегувајќи во игра на местото на Димитар Митровски, додека Денковски остана на клупата за резервни фудбалери.

Македонија по седум одиграни натпревари е на втората позиција со 13 бода, три помалку од водечката Шпанија.