Прекрасен гол на Мартин Стојанов за победа против Кит Го во Пехчево

Фудбалерите на Брегалница сосема заслужено дојдоа и до четвртата победа во шестиот натпревар од новата сезона, славејќи со 0-1 на гостувањето против Кит Го во Пехчево.

По почетното испитување на силите Брегалница до погодокот дојде во 35. минута. Еден од најдобрите фудбалери на „сините“, Мартин Стојанов прекрасно изведе слободен удар од 18 метри мајсторски погодувајќи во долниот лев агол од голот на домашните.

Во второто полувреме избраниците на Добринко Илиевски само рутински ја одржуваа предноста, контролирајќи го средниот ред за заслужено освоени три бода.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (6. коло)
Кит Го - БРЕГАЛНИЦА 0-1 (0-1)
Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелец: М. Стојанов 35' (Б)



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (6. коло)
Кит Го - БРЕГАЛНИЦА 0-1
Слога Виница - Тиквеш 1-3
Победа - Осогово 1-1
Росоман - Кожуф 1-2
Каменица Саса - Плачковица 1-0