Дербито со Тиквеш ќе го суди Мавров од Струмица

Васко Мавров од Струмица ќе биде главен судија на дерби пресметката од 5. коло во Втората лига - Исток меѓу Тиквеш и Брегалница која се игра утре со почеток од 15:30 часот во Неготино.

На Мавров ќе му помагаат сограѓаните Ангеловски и Костадинов, а четврти судија ќе биде Ристе Сејменов, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот ќе биде Димче Маневски од Велес, а контролор - Зоран Петковски, исто така од Велес.