По трите стартни победи, реми со Осогово во 4. коло

По трите едноподруго победи на стартот од новата сезона во Втората лига - Исток, Брегалница го запиша и првото реми (1-1), против Осогово во 4. коло од шампионатот.

Во натпревар во кој „сините“ целосно доминираа на теренот, најголемите возбудувања се случија во второто полувреме по првите 45 минути без погодок.

Агресивно почнувајќи го вториот дел, избраниците на Добринко Илиевски до предност од 1-0 дојдоа во 59. минута. По корнерот од десната страна, Антонио Митрев највисок во скокот ефектно постигна гол со глава од 12 метри за водство од 1-0.

Но, веднаш по водството на „сините“, гостите веќе во 64. минута израмнија на 1-1. По корнерот од левата страна, пропуст во одбраната на Брегалница па топката доаѓа до Илија Далчески кој прецизно стрела од само две метри пред голот на Петровски.

По израмнувањето, силни обиди на фудбалерите на Брегалница да дојдат до посакуваните три бода, но сето тоа остана безуспешно. Во последните секунди и извонредна шанса од само неколку метри, но гсотите успеаја да се спасат.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (4. коло)
БРЕГАЛНИЦА - ОСОГОВО 1-1 (0-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелци: Митрев 59' (Б) - Далчески 64' (О).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (4. коло)
Брегалница - Осогово 1-1
Кит Го - Тиквеш 0-3
Слога Виница - Кожуф 1-1
Росоман - Каменица Саса 3-2
Победа - Плачковица 0-0