-
10.09.2020
-
Млади категории
Младите фудбалери на Брегалница продолжуваат со одличните игри во подготвителниот период. На теренот на „Суитлакот“ во Штип кадетскиот и младинскиот тим на Брегалница одиграа пријателски натпревари со соодветните состави на Македонија ЃП на кои славеа две победи.
Кадетите предводени од Драган Арсовски триумфираа со 6-2. Во убедливиот триумф стрелци беа Јован Дојчинов и Дарко Михајлов, кои погодија во два наврати, како и Ками Ѓоргиев и репрезентативецот Матеј Георгиев.
Младинците, пак, предводени од Влатко Давитков победија со 2-0 со головите на Борче Гогов и Кристијан Арсов.
„Нови два одлично одиграни натпревари на младинските тимови, само како мотив повеќе за натпреварувањата во сезоната која на очекува“ - вели координаторот на младинската школа на Брегалница, Борче Постолов.
Во сабота (12. септември) пионерите и помладите пионери на Брегалница во Скопје ќе одиграат пријателски натпревари со Македонија ЃП.