Младинците на Брегалница го декласираа Вардар среде Скопје

Младинскиот тим на Брегалница забележа извонреден резултат на пријателскиот натпревар против врсници од Вардар во Скопје славејќи со 1-4.

На натпреварот кој се одигра на игралиштето на тренинг центарот во скопски Хиподром, Брегалница славеше со двата погодоци на Љупче Кудев, како и на Ѓорѓи Цанев и Бобан Ангелов.

„Презадоволни сме од начинот на кој натпреварот го одиграа нашите млади фудбалери. Сигурно во иднина очекуваме позитивни резултати во македонската лига. Јасно е дека реализираните подготовки во Пехчево веќе ги даваат посакуваните резултати“ - вели координаторот на младинските школи на Брегалница, Борче Постолов.

Во рамките на договорените тест дуели со Вардар, пријателски натпревар одиграа и кадетите кои загубија со 6-3, и покрај водството од 2-3 на полувремето. Головите за „сините“ ги постигнаа Дарко Михајлов, Јован Дојчинов и Бране Ангелов.

Во среда во Штип, Брегалница ќе одигра пријателски средби и со кадетскиот и младинскиот тим на Македонија ЃП, а пионерите и помладите пионери ќе играат во Скопје.