Стојанов: На три бода и против Плачковица

Творецот на победата за Брегалница на првиот натпревар сезонава на гостувањето против Саса во Македонска Каменица, Мартин Стојанов е сигурен дека „сините“ ќе продолжат со добрите игри и ќе дојдат до првата победа и на домашен терен денеска од 19 часот против Плачковица.

„Нашата цел секако е да продолжиме со победите на стартот од сезоната и на натпреварот против Плачковица. Добро е што сезоната ја почнавме со победа на гостувањето против Каменица Саса, очекуваме добра игра и денеска во Штип и нови три бода. Најважно е да играме колективно, па сигурен сум дека од натпревар на натпревар ќе бидеме се подобри“ - вели Стојанов.

Што се однесува до тимот на Плачковица...

„Се работи за навистина добра екипа. Тоа го покажа и на првиот натпревар против Тиквеш. Сепак, ние не размислуваме на ништо друго освен на победа“ - дополнува Стојанов.