Ацковски и Денковски на списокот на Милевски за натпреварот со Шпанија

Фудбалерите на Брегалница, Кристијан Ацковски и Давид Денковски се повикани за настап во младата репрезентација на Македонија за престојните квалификациски натпревар за пласман на ЕП против Шпанија и против Фарските острови.

Селекторот Благоја Милевски стандардно смета на фудбалерот од средниот ред Кристијан Ацковски, како и на голманот Денковски.

Македонија против Шпанија игра на 3. септември во Скопје од 18:45 часот на националната арена „Тодор Проевски“, а потоа гостува на 8. септември во Фарските острови.